
Обединетите нации соопштија дека во мај годинава е регистриран најголемиот број убиени и повредени цивили во Украина во еден месец од април 2022 година наваму.
Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права (OHCHR), во текот на мај загинале најмалку 274 цивили, а уште 1.763 биле повредени.
Тоа претставува зголемување од 93 проценти во споредба со април, кога биле евидентирани 191 загинат и 865 повредени цивили.
Од Обединетите нации наведуваат дека во околу 45 проценти од случаите жртвите биле последица на ракетни напади и напади со беспилотни летала, најчесто во градови оддалечени од фронтот, меѓу кои Киев и Днипро.
Посебно загрижувачки е порастот на нападите со дронови. Само во мај, според ОН, поради беспилотни летала загинале 64 лица, а 539 биле повредени, што е највисока месечна бројка од почетокот на војната.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, Обединетите нации регистрирале повеќе од 16.000 загинати и над 46.000 повредени цивили во Украина.
Во извештајот се нагласува дека вистинскиот број на жртви веројатно е значително поголем, бидејќи ОН немаат целосен пристап до териториите под руска окупација.