Од „Паркинзи на Општина Центар” предупредување: Се појавија лажни смс-пораки и обиди за измама
ЈП „Паркинзи на Општина Центар” ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата.

![]()
Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.
„Ја информираме јавноста дека овие СМС-пораки не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието. Апелираме до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите содржани во нив, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку овие линкови. Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи“ соопштија од ПОЦ.
За проверка на евентуални обврски за паркирање, ги повикаа граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса info@poc.mk или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.