(ВИДЕО) Тренчевска: Во 2025 години регистрирани 1.754 нови жртви на семејно насилство – годинава бројот е зголемен за над 70 отсто
„Во Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. 17-годишнта девојка Билјана од Богданци – убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје – не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави. Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода. Ова не се изолирани инциденти – ова е доказ дека системот не ги штити жртвите“ рече на денешната прес-конференција во Собранието потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Вели „И случаите за кои наводно МВР постапува, не водат до одговорност на високите раководни позиции. Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници. Во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година“.
„Во 2025 година во МВР биле евидентирани рекордни 4.745 пријави од жени и поднесени над 1.000 кривични пријави, додека центрите за социјална работа регистрирале 1.754 нови жртви на семејно насилство. Во првите десет месеци од 2026 година, бројот на пријави е зголемен за над 70%, а поднесени се 1.450 кривични пријави – зголемување од 50% во однос на истиот период минатата година, додека Министерството за социјална политика сè уште до денес ги нема јавно објавено полугодишните податоци за 2026 година. До надлежното јавно обвинителство се поднесени речиси 2.500 кривични пријави за овие две години. Но, клучното прашање на кое јавноста сè уште нема одговор, е за колку од нив е поднесен обвинителен акт и има судска завршница. Огромната бројка на пријави не значи ништо ако правдата заглави во фиоките, а насилниците останат неказнети“ посочи Тренчевска.
Рече дека „пратеничката група на СДСМ и коалицијата согласно одредбите од Деловникот, денес поднесува Иницијатива за одржување на итна седница на Собранието со присуство на министрите за внатрешни работи, социјална политика и правда и државниот јавен обвинител. Бараме итна седница на Собранието, на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита. На граѓаните им е потребен функционален систем што штити животи, систем кој ќе им понуди безбедност, и тоа како пратеници мора да им го овозможиме. Затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието, да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница“.