НБ: Нето надворешниот долг на крајот на првиот квартал од годинава 26,2 отсто од проектираниот БДП

На крајот на првиот квартал од годинава, односно на 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра или 26,2 отсто од проектираниот БДП, при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра или 4,8 проценти, како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68 отсто, информира Народната банка  (НБ).

На крајот на првиот квартал од годинава, односно на 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра или 26,2 отсто од проектираниот БДП, при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра или 4,8 проценти, како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68 отсто, информира Народната банка  (НБ).

Од НБ посочуваат дека во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1 отсто од проектираниот БДП за 2026 година.

-На крајот на првиот квартал од 2026 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.943 милиони евра и забележа квартално зголемување за 742 милиона евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 523 милиони евра и изнесуваат 8.139 милиони евра. Поголемото зголемување на обврските од побарувањата придонесе за квартално зголемување на нето надворешниот долг за 218 милиони евра, којшто изнесува 4.804 милиони евра на крајот на март 2026 година. Негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2026 година, изнесува 9.009 милиони евра или 49,1 отсто од проектираниот БДП2 за 2026 година. Најголемиот дел од овој износ или 96 отсто се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71 отсто се врз основа на сопственичкиот капитал, прецизираат од НБ.

Нагласуваат дека бруто надворешниот долг на крајот на март изнесува 12.943 милиони евра или 70,5 отсто од проектираниот БДП и бележи квартално зголемување од 742 милиона евра или за 6,1 отсто.

-Доколку се изземе влијанието на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка врз долгот, бруто-долгот бележи квартално зголемување од 743 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот јавен долг за 463 милиони евра и приватниот долг за 280 милиони евра. Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг е резултат главно на растот на долгот на секторот „држава“ за 498 милиони евра, поради издавањето нова емисија на еврообврзници и на централната банка за 3 милиони евра, при намален долг на јавните банки и јавните претпријатија за 38 милиони евра. Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти за 177 милиони евра, на приватните банки за 76 милиони евра и на небанкарскиот приватен сектор за 27 милиони евра, посочуваат од НБ.

За бруто надворешни побарувања на крајот на првиот квартал од годинава прецизираат дека изнесуваат 8.139 милиони евра или 44,3 отсто од проектираниот БДП и оти забележаа квартално зголемување за 523 милиони евра или за 6,9 отсто.

-Доколку се изземе влијанието на специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 522 милиона евра и изнесуваат
8.138 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни и јавни побарувања за 265, односно за 257 милиони евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти за 194 милиони евра, на небанкарскиот приватен сектор за 44 милиони евра и на приватните банки за 27 милиони евра, велат од НБ.

Нето надворешниот долг на 31.3.2026 година, додаваат, изнесува 4.804 милиони евра или 26,2 отсто од проектираниот БДП, при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра или 4,8 отсто, како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на брутопобарувањата. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68 отсто.

-Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1 отсто од проектираниот БДП за 2026 година. Кварталното зголемување на негативната МИП, нето, произлегува од поголемото зголемување на обврските за 923 милиони евра, во однос на зголемувањето на средствата за 664 милиони евра. Гледано по инструменти, кварталниот раст на негативната МИП, нето, произлегува од зголемените нето-обврски врз основа на должничките инструменти за 218 милиони евра, при истовремен раст и на нето-обврските врз основа на сопственичките инструменти за 40 милиони евра, информираат од НБ.