Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка која има банка и во Македонија

Алта банка а.д. Белград е мнозински и доминантен сопственик на АЛТА банка АД Битола е каде што поседува 95,23 отсто од вкупниот број на акции со право на глас

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград, соопшти доцна ноќеска НБС. Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник со судска одлука, се наведува во соопштението.

Оваа информација која одекна како бомба и во нашата домашна јавност е важна бидејќи Алта банка а.д. Белград е мнозински и доминантен сопственик на АЛТА банка АД Битола е каде што поседува 95,23 отсто од вкупниот број на акции со право на глас, додека другите 4,77 отсто се во посед на малцински акционери односно помали правни и физички лица. Оваа сопственичка структура беше воспоставена по преземањето на тогашната Стопанска банка а.д. Битола во октомври 2025 година, кога српската банкарска групација откупи контролен пакет акции, што беше одобрено и од Народната банка на Македонија. Преку оваа аквизиција, АЛТА банка Битола е целосно интегрирана во регионалната финансиска АЛТА Групација со седиште во Белград. Сепак, треба да се има предвид дека Алта банка а.д. Битола е македонски правен субјект, кој работи согласно македонските прописи, без оглед на сопственичката структура. Во повеќето банки во Македонија сопственоста е доминантно кај странски правни лица.