Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, во фокусот одбраната, енергетиката…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон.

– Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји – соопшти Муцунски.

Фокусот бил ставен на соработката во конкретни области – одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност.

– Разменивме мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за мирот, безбедноста и просперитетот на Западниот Балкан – се додава во објавата.