„Млади за млади“ – концерт на Леона Кондратенко и Фатима Алиева во Филхармонија

Во рамки на концертниот циклус „Млади за млади“, Музичка младина на Македонија организира концерт на младите музичарки Леона Кондратенко – виола и Фатима Алиева – пијано, кој ќе се одржи на 28 септември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија.

Во рамки на концертниот циклус „Млади за млади“, Музичка младина на Македонија организира концерт на младите музичарки Леона Кондратенко – виола и Фатима Алиева – пијано, кој ќе се одржи на 28 септември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија.

Концертот е дел од соработката помеѓу Музичка младина на Македонија и Музичка младина на Србија, преку која се создаваат нови можности за настапи, размена и поврзување на младите музичари од двете земји.

Влезот на концертот е слободен.

Како дел од оваа соработка, на 21 септември Кондратенко и Алиева одржаа успешен концерт и во Белград, во организација на Музичка младина на Србија. По одличниот прием кај белградската публика, дуото продолжува со концертот во Скопје на 28 септември.

Леона Кондратенко, родена во Бон, Германија, студира на Високата школа за музика и танц во Келн, во класата на проф. Александар Земцов, а зад себе има бројни концертни настапи, меѓународни искуства и признанија. Фатима Алиева, пијанистка од Баку, Азербејџан, своето образование го продолжува и во Германија, а досега настапувала како солист и камерен музичар и била учесник и добитник на признанија на повеќе меѓународни фестивали и натпревари.

Публиката во Скопје ќе има можност да слушне разновидна програма со дела од Роберт Шуман, Јорк Боуен, Сони Петровски, Бохуслав Мартину, Дмитриј Шостакович и Мануел де Фаља.

Концертниот циклус „Млади за млади“ е една од програмите на Музичка младина на Македонија преку која младите уметници добиваат простор за концертно претставување и професионално искуство, а публиката можност да се запознае со новата генерација музичари.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.