Мицкоски е во шок и неверување
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен по сомневањата за загадување на водата во Гостивар, каде повеќе од 1.200 граѓани пријавија здравствени тегоби, нагласувајќи дека ќе се утврди кој ја донел одлуката што довела до ваквата состојба и дека ќе има одговорност.

Тој рече дека во тек е испитување на мострите од водата, а случајот го води и Јавното обвинителство.
„Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки. Се испитуваат мостри од водата и имаме процес што го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се случи и, се разбира, ќе има одговорност. Нема така да помине случајот“, изјави Мицкоски.
Премиерот додаде дека е шокиран од, како што рече, несовесното постапување.
„Навистина не можам да разберам како некои луѓе можат така дрско и несовесно да се однесуваат. Просто е неверојатно како така лесно ги прифаќаат овие работи и како се одлучуваат да прават вакви работи. За мене ова е сè шокантно и со неверување гледам на тоа што некој таму го направил“, рече тој.
Мицкоски нагласи дека одговорност ќе има, а нејзиното утврдување ќе продолжи во рамките на судската постапка.
„Ќе има одговорност, се разбира, а таа понатаму во рамките на судските процеси ќе треба да се констатира“, порача премиерот.