Михаилова нелегално излегла од Македонија, тврдат од МВР

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, најверојатно нелегално заминала во Бугарија.

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, најверојатно нелегално заминала во Бугарија.

Иако Михајлова за бугарските медиуми изјави дека легално ја поминала границата, МВР тврди дека не е евидентиран нејзин излез од државата.

-Во однос на лицето за кое прашувате, Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, одговорија од МВР за ,,Фокус”.