Меланија Трамп: Разговарав и со Путин, и со Зеленски – потпишавме договор

Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, денес потврди дека, посредувајќи за прекин на огнот во градот Олешки, разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, денес потврди дека, посредувајќи за прекин на огнот во градот Олешки, разговарала и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Разговаравме и потпишавме договор“, изјави Меланија Трамп во Палм Бич, по гласањето на предвремените избори (изборите во средината на мандатот), пренесува „Њујорк пост“.

На прашањето дали ќе отпатува во Украина, таа одговори дека ќе види, додека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека тоа би можело да се случи, додавајќи дека неговата сопруга постигнува подобри резултати од неговите професионални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

„Таа е поуспешна од нашите професионалци. Таа издејствуваше прекин на огнот. Овде станува збор за деца и луѓе, за постари лица“, рече Трамп.

Градот Олешки, во регионот Херсон, се наоѓа на околу осум километри зад линијата на фронтот.

Меланија Трамп во петокот објави дека посредувала за локален прекин на огнот во тој град, со цел да се овозможи евакуација на населението и достава на хуманитарна помош.

Демократите ја обвинија Меланија Трамп дека си припишува заслуги што не ѝ припаѓаат, но и Русија и Украина ја потврдија нејзината улога во постигнувањето на договорот.