Лани се родиле 15.850 живородени деца, за 1,3 отсто помалку од една година претходно

Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во јули: 1.531.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31,7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,8 години, а на прворотките 28,2 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1.868 или 11,8 % од вкупниот број живородени деца.