
Крводарителска акција организираат денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија.
Крводарителската акција се организира по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
– Четвртата и сега веќе традиционална акција со која демонстрираме хуманост ќе се одржи на неколку локации во земјава и за таа цел ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите свои членови, но и поддржувачи и пријатели, да се вклучат и да помогнат во собирање на најскапоцената течност, стои во поканата од двете организации.
Главната крводарителската акција ќе се реализира во просториите на дневниот центар на Црвениот крст на град Скопје од 08 до 14 часот.
Освен во Скопје, новинарите и медиумските работници ќе можат да даруваат крв и во Битола, Гостивар, Охрид, Кочани, Струмица и Штип.