Концерт на младите оперски надежи во НОБ

На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер во 20 часот ќе биде одржан традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“.

На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер во 20 часот ќе биде одржан традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“.

Концертот, под диригентско водство на маестра Бисера Чадловска, е во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

На концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење, како и од Вокалното студио на Бисера Чадловска.

Концерт гости се професорите на студентите по соло пеење Горан Начевски, Весна Ѓиновска Илкова и Иван Наумовски.