Катастрофални поплави во Шпанија – четири жртви илјадници ги напуштија своите домови
Според најновите информации на шпанскиот весник „Ел Паис“, регистрирани се четири смртни случаи поврзани со невремето, иако една од жртвите, пронајдена во камп во Олива, најверојатно починала од срцев удар.

Најкритична е состојбата во Валенсија и Аликанте, каде што на одредени места наврнале околу 700 литри дожд на квадратен метар. Жители останале заробени во своите домови, а дел од нив се качиле на покривите за да побараат спас.
Спасувачките служби интервенираат со чамци и хеликоптери. Повеќе од 2.000 луѓе биле евакуирани, додека во најкритичниот период околу 800.000 жители добиле наредба да останат во своите домови.
Невремето предизвика прекини во сообраќајот, затворање училишта и сериозни материјални штети. Властите предупредуваат дека опасноста сè уште не е целосно помината, иако дел од највисоките метеоролошки предупредувања се намалени.