Илијана Јотова на пат да победи на претседателските избори во Бугарија
Илијана Јотова води пред Андреј Ѓуров, според првичните податоци од излезните анкетите спроведени пред гласачките места за вториот круг од претседателските избори во Бугарија. Социолозите посочуваат дека шансите за промена на исходот се исклучително мали.

Според податоците до 19 часот, анкетата на „Маркет линкс“покажува 50,7% поддршка за Јотова, додека за Ѓуров таа изнесува 44%. Во изјава за бТВ, Добромир Живков од „Маркет Линкс“ наведе дека, според нивните пресметки, разликата меѓу Јотова и Ѓуров изнесува приближно 120.000 гласови, а можноста за пресврт е минимална.
Резултатите од излезните анкети на „Алфа рисрч“ заклучно со 19 часот покажуваат поголема разлика – 52,5% за Јотова и 43,4% за Ѓуров.
Излезноста и во вториот круг е исклучително ниска, нешто над 20 проценти.