Избори ќе има, само не се знае кога

Премиерот Христијан Мицкоски денеска фрли мала мамка околу можноста да има предвремени избори велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени избори доколку опозицијата го бара тоа.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска фрли мала мамка околу можноста да има предвремени избори велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени избори доколку опозицијата го бара тоа.

Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека како партија претпочитаат да има редовни парламентарни избори во 2028 година, но оти секогаш се подготвени да излезат на терен и да победат.

„Факт е дека ние влегуваме во втората половина од мандатот и политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме како влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме“, рече Мицкоски.

Околу владината реконструкција Мицкоски рече дека од следната недела ќе почнат разговорите со коалициските партнери со кои прво ќе треба да се види дали имаат поклопување на визиите.

На оваа негова изјава околу изборите реагираше СДСМ, велејќи дека откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори сега вели дека ќе има „многу скоро“.

„Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски.

Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата.

Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството.

Исто е и со изборите. Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се ‘многу скоро’“, велат од СДСМ.