„Идиоти“: Што кажал шефот на дипломатијата на Албанија за Албанците во Македонија?

Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија во парламентот на Албанија, Газмент Барди, го обвини министерот за надворешни работи на земјата, Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на „Вотс ап“употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија, објавија албанските медиуми.

Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија во парламентот на Албанија, Газмент Барди, го обвини министерот за надворешни работи на земјата, Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на „Вотс ап“употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија, објавија албанските медиуми.

Нарекувајќи ја неговата наводна изјава скандалозна и неприфатлива, Барди побара итна оставка од шефот на албанската дипломатија, посочувајќи дека таквата негова реторика го нарушува достоинството на Албанците поради што министерот не може да продолжи со извршувањето на неговите должности, пренесе националниот радиодифиузен сервис на Албанија – РТА.

Според телевизијата Топ ченл, Барди и негова колешка пратеник од Демократската партија ја објавија комуникацијата воп која министерот Хоџа наводно вели за Албанците во Македонија: „Што велат тие албански идиоти“.

„Неприфатливо е и недозволиво за висок јавен функционер да ги нарекува Албанците ‘идиоти’. Таквиот став веднаш го исклучува од која било јавна функција и го оневозможува да продолжи со вршењето на своите должности, ни минута подолго. Уште повеќе кога станува збор за министер одговорен за преставување на Албанија на меѓународната сцена“, напиша Барди, пренесува РТА.

Тој уште додава:

„Оваа изјава е достојна само за Никола Пашиќ или Васа Чубриловиќ. Таквата реторика е спротивна на член 8 од Уставот на Република Албанија. Ферит Хоџа мора веднаш да поднесе оставка. Секое одложување е неоправдано. Премиерот  има политичка и институционална обврска да го разреши без никакво двоумење и јавно и јасно да се дистанцира од оваа навредлива и неприфатлива реторика, која потсетува на темната реторика од минатото против Албанците“.

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија категорично ги негираше ваквите обвинувања, велејќи дека немаат никаква врска со реалноста. Портпаролот на министерството, Алтео Хиси, изјави дека „комуникацијата што се сервира на јавноста е непостоечка. Жално е што ваквите тврдења се измислени, а потоа засилени од политичките актери во земјата“.

Во Албанија изминатиот период владеат жестоки тензии меѓу опозициските партии и власта на премиерот Еди Рама. Неодамна во главниот град на земјата се одржаа масовни протести на опозициските партии во главниот град на земјата, Тирана, кој помина во знак на тензии и судири со полицијата, бидејќи демонстрантите користеа пиротехники средства и молотови коктели кон клучните државни институции.

Опозицијата бара итно формирање техничка влада која би ги организирала следните избори, обвинувајќи го премиерот Еди Рама за корупција, изборен инженеринг и за деградација на демократските процеси во земјата.