Ивановски: Филипче не може да се снајде во улогата на лидер на СДСМ, очигледно постои договор со власта

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и нејзиниот претседател Венко Филипче се две фундаментално различни работи, порача универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски, кој во средата ја модерираше средбата под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која било заклучено дека на прогресивната демократска јавност во земјава и е потребна суштинска и објективна дебата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и нејзиниот претседател Венко Филипче се две фундаментално различни работи, порача универзитетскиот професор и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски, кој во средата ја модерираше средбата под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која било заклучено дека на прогресивната демократска јавност во земјава и е потребна суштинска и објективна дебата.

Објаснувајќи ја средбата која се одржа зад затворени врати, Ивановски рече дека причината за неа била состојбата на политичката сцена во моментов, на која од една страна има неоправдано силна власт, а од друга опозиција која, според него, не може да го артикулира се позасиленото опозициско расположение во државата.

Тој се осврна на раководењето со партијата од страна на нејзиниот актуелен лидер Филипче, кого рече го знае од 17-годишна возраст и нема ништо лично против него, но смета дека не може да се снајде во улогата што ја има во СДСМ.

-Нема веројатно друг којшто повеќе од мене посакувал тој да успее како претседател на СДСМ. И во изминатиот период континуирано учествував со мои сугестии, предлози, мислења, и не само јас, туку и дел од луѓето кои најдобронамерно седеа на таа маса. На пример, јас лично мислев дека Венко Филипче како претседател треба да направи целосен дисконтинуитет на СДСМ, за партијата да биде конкуретна, да има нов почеток, кадровски, програмски, концептуален.

Јас знам дека, и за тоа немам поинакво мислење, да, Венко Филипче е одличен хирург, да не кажам најдобриот, тоа не е мое да го судам нели, и тоа мислење го имам сè уште, тој секогаш сака да помогне, но јас и во изминатиот период и сега јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат да говорам за него како претседател на СДСМ, тој во таа улога не може да се снајде. Дали е поради немање капацитет, дали е незнаење, што е легитимно, но можеби и несакање. Јас мислам дека е ова последното – рече Ивановски.

Како аргумент за ова свое тврдење, тој го наведе тоа што, според него, во изминатиот период давале добронамерни совети, без да побараат ништо за возврат, но од другата страна наишле на, како што кажа, манипулации и неговорење на вистината, односно на затворени врати.

Ивановски рече оти сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ и власта, за лични интереси.

-Ќе бидам директен, за слобода. Очигледно постои, тој договор е со власта. И затоа имаме вакви апсурдни ситуации, да имаме нереално многу силна владејачка коалиција, која според мене неоправдано има ваква поддршка и виртуелна, фрагментирана, слаба опозиција – рече тој.