Зеленски: Покрај трилатералата, и Европа мора да биде вклучена во преговорите за окончување на војната
Украина очекува во ноември да се одржат трилатерални разговори со учество на претставници на Украина, САД и Русија, но и Европа мора да биде вклучена во дипломатскиот процес и да учествува во донесувањето одлуки за завршување на војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговите зборови, Украина инсистира европските земји да бидат вклучени во преговарачкиот процес и ниту една од нив да не биде исклучена од донесувањето одлуки.
Тој наведе дека Украина планира во наредните недели да воспостави нови контакти со клучните европски земји и додаде дека продолжува да ги координира активностите со САД и другите партнери за организирање дипломатски средби.