Зегин – лидерство што се развива со потребите на современиот човек

Во време кога здравјето, грижата за себе и квалитетот на животот стануваат сè поважен сегмент од секојдневието на современиот човек, лидерството не се мери само со големината на една компанија, туку и со нејзината способност да ги препознае промените и да одговори на новите потреби на луѓето. Токму во таа насока компанијата Зегин континуирано го гради својот развој, каде во фокусот се достапноста, иновациите, квалитетот и општествената одговорност.

Проектот „Бизнис лидер“ чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите, и оваа година го прослави  успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања за изминатава година.

Корпорацијата ЗЕГИН се здоби со 3 признанија и награди:

ЗЕГИН ДОО Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи и прво место во дејноста по просечен број на вработени.

МОЈА АПТЕКА Скопје – Прво место во дејноста по остварена вкупна нето добивка и прво место во дејноста по просечен број на вработени.

ЗЕГИН ФАРМ Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи.

Зад оваа награда стојат посветени вработени и силна визија, а за секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј извонреден придонес има значително влијание во индустријата.