Забраната за двојно државјанство за пратениците денеска на собраниска комисија

Денеска во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија, каде треба да продолжи дебатата за законските измени со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците.

Денеска во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија, каде треба да продолжи дебатата за законските измени со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците.

СДСМ тврди дека по најавите дека треба да се вклучи и експертската јавност, власта почнала да ретерира за носење на законот.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на познатиот став. Како што велат, лидерот на СДСМ е бугарски приврзок чии храброст, морал и пари се во фиоките на бугарското разузнавање.

Во партиската дебата се вклучи и претседателката. Според Сиљановска-Давкова постои правна можност за ограничување на двојното државјанство, но покрај за пратениците, тоа треба да важи и за министрите и за претседателот на државата.