„Журнал“: Кушнер се повлекува од Сазан, ресортот ќе го гради на Миконос?

Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан.

Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан.

„Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти понудиле посебни услови и привлечни стимулации за странските инвеститори, што го прави Миконос многу поповолна дестинација во споредба со Сазан, објави „Журнал“, наведуваат албанските медиуми.

Според истиот извор, прашање на ден е објавувањето на деталите од договорот со Грција.

„Овој развој на настаните доаѓа по месеци шпекулации за инвестициските планови на Кушнер во Албанија, кои предизвикаа огромна јавна и политичка дебата и протести. Проектот Сазан беше прогласен за голема туристичка инвестиција, но се чини дека наиде на тешкотии што ја доведоа компанијата до грчка алтернатива, констатира весникот.

Оценува дека ова е важен развој што може да има влијание не само на економските односи меѓу Албанија и САД, туку и на регионалната конкуренција за странски инвестиции во елитен туризам.