
ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат членството, оттаму предлогот да нема вето при почетокот на преговорите на кандидатите, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета оти Европската унија препознала дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во Унијата за да решаваат прашања кои немаат никаква врска со европските вредности и оти резултат на тоа е предлогот на Европската комисија до Советот да се укине правото на вето во пристапните преговори, а да остане пред самиот чин на зачленување. Ова, смета премиерот, е голема шанса затоа што, како што рече, Македонија веќе исполнува два од трите услови за постепена интеграција, што е дел од предлогот, а за третиот, која се однесува на реформи и е засебна за секоја земја ќе направат се што побрзо да го исполнат.
Премиерот Христијан Мицкоски смета оти Европската унија препознала дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во Унијата за да решаваат прашања кои немаат никаква врска со европските вредности и оти резултат на тоа е предлогот на Европската комисија до Советот да се укине правото на вето во пристапните преговори, а да остане пред самиот чин на зачленување. Ова, смета премиерот, е голема шанса затоа што, како што рече, Македонија веќе исполнува два од трите услови за постепена интеграција, што е дел од предлогот, а за третиот, кој се однесува на реформи и е засебен за секоја земја ќе направат се што може побрзо да го исполнат.
– Очигледно таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во рамките на Европската Унија и се обидуваат да излезат надвор од рамките на merit-based пристапувањето или пристапување по заслуга, и се обидуваат преку своето членство таму да решаваат некои прашања коишто немаат никаква врска со европските вредности. Тоа е препознаено и јас, ако се сеќавате, дадов една таква изјава кога бев во јуни во Тиват, по средбите со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон. Она што охрабрува е градуалната, односно постепена интеграција, во којашто ние како земја ќе имаме големи шанси, бидејќи во суштина кога сето тоа ќе го анализирате и сумирате, ќе дојдете до заклучок дека три услови ќе треба да бидат исполнети за да почне процесот на постепена интеграција – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на детска градинка во Шуто Оризари.
Појасни дека првиот услов ќе биде за секоја држава посебно, а ќе се однесува на одредени реформи коишто ќе треба државата да ги направи, а кои допрва ќе се усогласуваат.
– Вториот услов е земјата да има заедничка надворешна и одбранбена политика, нешто што, како што рече и претседателката Фон дер Лајен, дека ние како држава тоа први го направивме и веќе го имаме усогласено. И третиот услов е во делот на системот за јавни набавки, реформа којашто ние во текот на следната недела ќе ја завршиме и ќе ја усвоиме во рамките на Парламентот. Значи, од трите, две имаме, а за првиот чекаме што е тоа што за нас како држава ќе биде доставено од страна на самата Европска комисија. Ние сè ќе сториме за да го направиме тоа и да почне градуалната, односно постепена интеграција – интеграција во единствениот пазар и така натаму. Имаме таму неколку позиции каде што сме силно заинтересирани како држава да пристапиме – потенцира премиерот Мицкоски.
Според него, очигледно дека од земјите членки е препознаено тоа што некои од земјите членки во рамките на Европската Унија го прават, и затоа се обидуваат со некаков ваков маневар да овозможат кандидатите да дојдат до фаза да бидат членки во рамките на Европската Унија.
– И тоа е многу слично со она што ние велиме кога станува збор за промена на Уставот – таа промена практично да стане апликабилна тогаш кога ние ќе ги завршиме преговорите – рече Мицкоски.