Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон, а во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, објави Прототема.

Рачни гранати беа фрлени денеска врз две продавници во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон, а во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, објави Прототема.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантеиламонас, кога непознат сторител фрлил експлозивна направа врз бар во сопственост на Сириец.