До понеделникот сè беше редовно, од вторникот започна масовниот трансфер на пари, велат вработени во српската Алта банка

Работата на Алта банка по изборите беше редовна и без никакви промени, велат извори од банката за медиумот „Нова економија“, кои сакале да останат анонимни.

Работата на Алта банка по изборите беше редовна и без никакви промени, велат извори од банката за медиумот „Нова економија“, кои сакале да останат анонимни.

„Во компанијата се однесуваа како ништо да не се случува. Беше свикан вонреден колегиум на банката на кој објавија дека сè е во ред и дека тврдењата дека огромни суми пари се повлекуваат од банката се само сензационалистички наслови во весници, што и Народната банка на Србија ги негираше“, велат изворите за медиумот.

Но, од 27 октомври, како што велат изворите, почнало масовно да се повлекуваат пари од сметките. Во вторникот се појавиле гласини дека преку менувачницата се исплатени повеќемилионски суми во евра и дека „Електропривреда Србија” префрлила повеќе од 300 милиони динари од својата сметка во Поштенската штедилница.

„Сите во Алта банка тој вторник почнуваат да забележуваат дека масовно се повлекуваат пари од сметките. Станува збор и за физички и за правни лица, конверзии – дури и конверзии од повеќе милиони долари, со кои луѓето префрлаат пари на сметките на други банки во Србија“, вели изворот.

Како што се додава во написот на „Нова економија“, ситуацијата кулминирала вчера наутро кога тим од Народната банка влегол во Алта. Тогаш на вработените од страна на менаџментот им било кажано дека сè е во ред, а истиот ден била префрлена и плата. Вработените, како што рекол изворот, добиле забелешка веднаш да ги префрлат парите на други банкарски сметки, а доколку немаат такви сметки, веднаш да ги извадат.

„Беше прашање дали ќе исплатат плати, бидејќи тоа се случуваше додека НБС беше внатре. Од тоа дека сè е во ред до паничното префрлање пари… Прашање е што откри НБС вчера кога ни ја одзедоа дозволата за работа преку ноќ“, вели еден од изворите од Алта банка.

Но и покрај сè, на вработените преку внатрешни комуникациски групи им било кажано дека сите треба да дојдат на работа во понеделник.

На прашањето дали некој би можел да биде оштетен од ваквиот развој на ситуацијата, вработените велат дека мнозинството клиенти меѓу физичките лица на Алта банка се, всушност, руски државјани кои дошле во Србија од почетокот на војната во Украина.

Причината е што нерезидентите можеле да отворат сметки само во Поштенска штедилница или Алта банка. На ова, како што се додава во написот, укажуваат и видеата пред филијалите на Алта банка во Белград и Нови Сад кои кружат на социјалните мрежи.

Иако мнозинството комерцијални банки во Србија овластени да работат во странство можат да отвораат сметки и да даваат услуги на нерезидентни клиенти (странски физички и правни лица), во пракса банките го задржуваат правото самостојно да го проценат ризикот и да одлучат дали да прифатат нерезидентен клиент.

Некои од нив бараат конкретни причини за отворање сметка или претпочитаат да работат исклучиво со српската дијаспора.

„Русите имаа огромни суми пари кај нас, и физички и правни лица, засега ќе им бидат исплатени 50 000 евра, што е она што ѝ беше кажано на јавноста“, велат изворите.

„Нова економија“ пишува и дека во групите на Телеграм каде што руските граѓани пишуваат вести за Србија, најчесто се дискутира за износот на пари што може да се земе од Алта банка.

Се споделуваат и вести што содржат законски прописи, соопштенија на Народната банка на Србија и Агенцијата за осигурување на депозити.