
Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да добие висока функција во Обединетите нации. Според една од теориите што се споменуваат во дипломатските кругови, целта можеби не е тој да стане генерален секретар на ОН, туку да добие друга позиција што би му обезбедила дипломатски имунитет и заштита од евентуално кривично гонење во Унгарија.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да добие висока функција во Обединетите нации. Според една од теориите што се споменуваат во дипломатските кругови, целта можеби не е тој да стане генерален секретар на ОН, туку да добие друга позиција што би му обезбедила дипломатски имунитет и заштита од евентуално кривично гонење во Унгарија.
За ова пишува унгарскиот портал „Телекс“, повикувајќи се на британскиот „Тајмс“. Станува збор за едно од можните објаснувања за иницијативата на Трамп, а не за потврден договор или официјално објавен план.
Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека претставници на американската администрација разговарале за можноста Орбан да стане нов генерален секретар на ОН. Според информации од извори во три држави, Вашингтон за неговата можна кандидатура разговарал и со Москва и Пекинг. Наводно, САД би сакале тој да биде заеднички кандидат на трите сили. Орбан, според истите информации, не ја отфрлил идејата, но би се кандидирал само доколку е сигурен дека може да ја добие функцијата.
LANDOV Петров: Не се гледам како премиер, сметам дека доктор не треба да ја води владата
„Телекс“ наведува и можност информациите намерно да биле пласирани за да се испитаат реакциите на другите држави или, пак, да протекле од дипломати кои се противат на неговото именување. Според друга теорија, споменувањето на Орбан како можен генерален секретар би можело да биде подготовка за негово предлагање на друга висока функција во ОН, која би му овозможила одреден степен на дипломатски имунитет.
Слично сценарио уште во мај го споменал унгарскиот истражувачки новинар Саболч Пани, повикувајќи се на дипломатски извори. Според него, во кругови блиски до движењето МАГА се разгледувала можноста Орбан да стане заменик-генерален секретар или да добие друга висока функција во организацијата. Клучна, според овие информации, би била правната заштита што може да ја донесе таквата позиција. Сепак, не сите функции во ОН обезбедуваат ист степен на имуните
Во меѓувреме, британскиот „Тајмс“ објави и друга можност – споменувањето на Орбан да биде политички потег со кој би се олеснил изборот на Лана Заки Нусејба, дипломатка од Обединетите Арапски Емирати. Таа земја официјално ја предложи својата кандидатура на 21 октомври. Нусејба повеќе од една деценија била амбасадорка на ОАЕ во ОН, а извршувала и високи функции во Министерството за надворешни работи.
Велика Британија и Франција, според „Тајмс“, остро се противат на можноста Орбан да стане генерален секретар. Двете земји се постојани членки на Советот за безбедност и имаат право на вето. Москва, пак, соопшти дека засега не разговарала за неговата кандидатура, но би разгледала официјален предлог доколку го поднесе некоја држава. Русија потсети и на неформалното начело за географска ротација, според кое новиот генерален секретар би требало да дојде од Латинска Америка или Карибите.
Мандатот на актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш завршува на 31 декември, по десет години на функцијата. Неговиот наследник го именува Генералното собрание на ОН, по препорака на Советот за безбедност. За препораката се потребни најмалку девет од 15 гласови, без вето од ниту една од петте постојани членки.
Меѓу официјалните кандидати се Рафаел Гроси, Ребека Гринспан, Керолин Родригес-Биркет и Лана Заки Нусејба. Името на Орбан засега не е на официјалниот список, а неговата евентуална кандидатура би требало формално да биде поддржана од земја членка на ОН.