
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се очекува да го надминат 40-тиот степен. Синоптичарите најавуваат дека топлото време ќе се чувствува и во ноќните часови кога температурите ќе останат високи.