
Базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ нема да работи две години, откако силното невреме кое пред десетина дена го зафати Скопје го однесе покривот на објектот, објави „СДК.мк“.
Тогаш имало и опасна ситуација, кога делови од покривот паѓале во базенот, во кој тогаш имало пливачи, кои морале да се евакуираат.
Директорот на базенот Даниел Апостоловски за порталот вели дека базенот нема да биде отворен додека целосно не се реконструира.
Базенот и пред невремето беше во лоша состојба и му требаше итна санација. По невремето одлета кровот и сега нема да правиме никакви интервенции само на кровот, туку ќе биде затворен додека целосно не се реновира. Готов е проектот и во наредниот период ќе распишеме тендер за изведувач. Очекуваме градежните работи да почнат во ноември. Ќе се реконструира од темел, од машинската соба до кровот“, вели Апостоловски.
Фото: СДК