Два земјотреса регистрирани на Евија

Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија.

Два последователни умерени земјотреса денеска се регистрирани на грчкиот остров Евија.

Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија.

Земјотресите биле почувствувани и во Атина, околу 130 километри оддалеченост од епицентарот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.