Град Скопје ќе засади 60 нови садници во Градски Парк

За да ги санира последиците од невремето во Градскиот Парк, Град Скопје најави засадување 60 нови дрвја.

За да ги санира последиците од невремето во Градскиот Парк, Град Скопје најави засадување 60 нови дрвја.
„Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен.
Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.
На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град.Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано!“- соопштија од Град Скопје.