Големите партии се во заговор против нас, тврди Левица
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција оцени дека блокадата на новиот Изборен законик е резултат на долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за зачувување на изборниот модел што, според него, нив им носи најголема корист, стои во соопштението на Левица.

„Зошто немаме нов Изборен законик и зошто тој сега е блокиран во Собранието? Триесет години правилата на игра на изборите се кројат според волјата на големите партии, а не по волјата на граѓаните и тоа што соодветствува со потребите на нашата демократија.
Сега немаме нов Изборен законик, затоа што од самиот почеток имаше заговор тој воопшто никогаш да не се донесе. Триесет години партиите ви ветуваат една изборна единица. Нема ништо од тоа.
Триесет години ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги кројат правилата на игра за да им одговара нив. Затоа и сега електронското гласање на дијаспората беше заговор кој ВМРО-ДПМНЕ им го даде на СДСМ за да го оправда нивното блокирање.
На втори избори по ред Левица, партијата која не е финансирана од олигархијата, повторно ќе биде исклучена од можноста да настапува фер. Партијата во криза, СДСМ, ќе направи сè, ќе игра со ѓаволот, ќе игра со Мицкоски, за да остане истиот Изборен законик под опасноста од целосен крах на следните избори.
ВМРО-ДПМНЕ игра со СДСМ за да се задржи истиот баланс.
Ние сме подготвени под било кои услови да учествуваме на изборите и да ви зададеме удар каков не очекувате“, велат од Левица.