Времето денеска – сончево со мала облачност и температури до 34 степени
Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност преку целиот ден. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Утринските температури се движат од 13 Целзиусови степени во Берово до 24 во Дојран, а максималните дневни ќе достигнат од 26 во Крушево до 34 во Гевгелија.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.