(ВИДЕО) Дачевски: Вештачката интелигенција веќе презема дел од работните места

➡Јас мислам дека како и секоја индустриска револуција претходно, како што беше машинската, или оваа со компјутеризацијата, автоматизацијата на фабриките, донесуваат бенефит за луѓето. Така и ВИ револуцијата ќе донесе бенефит. ➡ Конкуренцијата е голема во секој поглед. Ние веќе на наши клиенти им имаме веќе имплементирано ВИ решенија. Со тие ВИ решенија тие исти клиенти стануваат поконкурентни на нивните пазари. Ако сакаат македонските клиенти да се борат на тие европски пазари, секако дека ќе треба да имплементираат ВИ. ➡ Свесен сум, а и во секојдневното работење, излегуваат се повеќе сервиси што се врзани со дигитални решенија. Ги има генерално на владино ниво, во државните институции ги има, а и доста од приватните компании денеска ја имаат завршено дигитализацијата. До сега тој дигитален дел што е завршен е во ред, а дека треба да се работи, треба, вели Глигор Дачевски, директор на компанијата „Комплит Синерџи“.

„Генерално има два погледа на продорот на вештачката интелигенција. Едниот е дека ќе биде катастрофа, луѓето ќе изгубат работа. Јас не го делам тоа мислење. Јас мислам дека како и секоја индустриска револуција претходно, како што беше машинската, или оваа со компјутеризацијата, автоматизацијата на фабриките, донесуваат бенефит за луѓето. Така и ВИ револуцијата ќе донесе бенефит. Се разбира дека ќе се изгубат некои работни места. Веќе има влијанија на компании што претходно се занимавале со некаква автоматизација на дигитални процеси. Тоа сега ВИ го презема многу брзо и многу едноставно. Но мислам и дека ќе се отворат нови работни места за луѓе кои ќе знаат како да завршат работа со ВИ“, изјави во „Трилинг“ Глигор Дачевски, директор на компанијата „Комплит Синерџи“, околу тоа што не очекува од налетот на вештачката интелигенција, кои работни позиции ќе бидат загрозени, и дали ќе се отворат нови позиции.

Фото: Трилинг / Глигор Дачевски

Прашан дали е потребно што побрзо прилагодување на новите светски, технолошки трендови, Дачевски вели дека тоа се подразбира и дека тој отсекогаш се стремел неговиот пазар да биде надвор.

„Македонија е мала земја, мал пазар. Отсекогаш сум се стремел пазарот мој да биде надвор. Конкуренцијата е голема во секој поглед. Ние веќе на наши клиенти им имаме веќе имплементирано ВИ решенија. Со тие ВИ решенија тие исти клиенти стануваат поконкурентни на нивните пазари. Ако сакаат македонските клиенти да се борат на тие европски пазари, секако дека ќе треба да имплементираат ВИ“, смета Дачевски.

Фото: Трилинг / Глигор Дачевски

Говорејќи за дигитализацијата, Дачевски вели дека проблемот бил што во минатите години имало голем застој, но во последните две години прогресот е поголем.

„Свесен сум, а и во секојдневното работење, излегуваат се повеќе сервиси што се врзани со дигитални решенија. Ги има генерално на владино ниво, во државните институции ги има, а и доста од приватните компании денеска ја имаат завршено дигитализацијата. До сега тој дигитален дел што е завршен е во ред, а дека треба да се работи, треба. Добро е ако во целата таа дигитализација се почне со воведување на ВИ сегменти“, вели Дачевски.

Фото: Трилинг / Глигор Дачевски

Околу тоа дали македонскиот пазар на работна сила и натаму ќе биде трудо-интензивен, како и тоа кој и како може да се преквалификува за новите звања, Дачевски смета дека тоа зависи многу од луѓето.

„Ние како ВИ, бидејќи предничиме во таа работа, секако дека се осврнуваме на тоа, го решаваме со интерни обуки, со заеднички стратегии. ВИ колку што е добро има и предизвици. Има предизвици околу безбедноста, околу интелектуалната сопственост, но сега се формираат тие официјални ставови на компаниите како ќе постапуваат со ВИ. Во тој контекст, за она префрлување, луѓето треба да се приспособат на тоа и да научат да работат со новите алатки, исто како што беше со старите“, вели Дачевски.

Фото: Трилинг / Глигор Дачевски

За тоа дали и денес добро платените македонски информатичари и натаму гледаат дека подобра е перспективата надвор отколку дома, Дачевски посочува пример:

„Од кај нас двајца си заминаа кај нас во Шведска. Тие не заминаа бидејќи не им чинело кај нас во компанијата, туку заминале затоа што нешто не им се допаѓало тука. Но во меѓувреме се врати и еден човек од Шведска од нашата компанија, кај нас во канцеларија во Скопје, затоа што сметал дека тука подобро ќе ги одгледа децата, дека му фали македонското парче земја. Генерално мислам дека искусните и тие што се доволно способни, заработуваат доволно за добар живот тука. А дали другите компоненти им се допаѓаат или не, тоа е лична определба“, вели Дачевски.

Целото интервју погледнете го во видеото.