Венс: Изборите ги изгубивме поради војната во Иран

По победата на Демократската партија на меѓуизборите во САД,  американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Икс објави дека анкетите ја предвидувале убедливата победа на демократите и оти голем број луѓе кои во 2024 година гласале за Доналд Трамп и Венс вчера гласале за демократите.

По победата на Демократската партија на меѓуизборите во САД,  американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Икс објави дека анкетите ја предвидувале убедливата победа на демократите и оти голем број луѓе кои во 2024 година гласале за Доналд Трамп и Венс вчера гласале за демократите.

– Несомнено има места на кои можевме да имаме поголема излезност. Но, главниот проблем не е излезноста. Главниот проблем е што многу од луѓето што гласаа за Трамп и Венс во 2024 година, во 2026 година гласаа за демократите, наведе Венс.

Тој наведе дека некои анкети покажале дека голем број гласачи на Трамп од 2024 година се лути и планираат да гласаат за демократите. Анкетите покажале дека републиканците повторно ќе ја добијат довербата ако ја завршат војната во Иран; ако се фокусираат на трошоците за живот и инфлацијата; ако ја стават Америка на прво место и ако се промени ставот на САД кон Израел.

– Причината зошто изгубивме е војната. Претседателот самиот го кажа тоа синоќа. Ако сакате да тврдите дека вредеше, дека губењето на Сенатот во следните шест години беше разумна цена, тогаш кажете го тоа. Тврдите дека тоа беше цена што вредеше да се плати. Без оглед дали се согласувате со тоа или не, тоа е барем фер. Но, секој знае зошто изгубивме. И секој искрен разговор за тоа каде одиме понатаму мора да започне со тоа, истакна Венс на Икс.

Тој додаде дека има разбирање за луѓето кои се лути од изборните резултати.

– Луѓето кои се едноставно лути поради резултатите имаат целосно право. Ајде да го искористиме тој гнев и да се вратиме на работата за спасување на нашата земја, потенцира Венс.