Бурхан Шабан ќе одржи концерт на духовна музика

Во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт на духовна музика ќе одржи Бурхан Шабан, уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот.

Во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт на духовна музика ќе одржи Бурхан Шабан, уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот.

-Концертот во Скопје претставува ретка можност македонската публика повторно да се сретне со уметник чии корени се од Македонија, а чие творештво оставило значаен печат врз духовната музичка сцена на Балканот. Влезот за концертот е слободен, соопшти организаторот.

Бурхан Шабан (1970, Скопје) уште на 14-годишна возраст станал хафиз на Куранот. Неговиот музички и духовен пат продолжил во Сараево, каде што како млад изведувач стекнал широка препознатливост и го добил прекарот „Малиот Хафиз“.

Како што наведува Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје, неговата музика претставува спој на духовност, традиција и современ музички израз, а со своите настапи оставил силен белег во земјите од Балканот, Турција и пошироко.

-Како солист на хорот на Гази Хусрев-беговата медреса, тој одиграл значајна улога во развојот и афирмацијата на современата духовна музика во Босна и Херцеговина. Неговиот глас е дел од првите професионални снимки на илахии и касиди, а неговата работа придонела за популаризација на стотици духовни композиции меѓу новите генерации. Во текот на својата повеќедецениска кариера, Бурхан Шабан има објавено голем број албуми и музички проекти, меѓу кои „Скопски илахии“, „Bosanska Djeca“, „Yar Uğruna“, „Ja sam Vjetar Zaljubljeni“ и други. Во 1996 година учествувал во меѓународниот проект „I Have No Cannons That Roar“ на Јусуф Ислам (поранешен Cat Stevens), реализиран во Лондон. Во 2021 година   ја добил престижната награда „Fra Grgo Martić“ од AMUS за придонес во зачувувањето и промоцијата на музичкото наследство во Босна и Херцеговина. Неговата композиција „Selamımı Söyle Ona“, снимена со хорот „Хамза“, беше меѓу најслушаните духовни музички дела во Сараево за време на Рамазан 2024 година, соопшти „Јунус Емре“.