Бака Прасе поврзан со сомневања за перење пари во случајот АЛТА банка, неговиот тим демантира

Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, е приведен и ќе биде задржан 48 часа, соопшти неговиот тим преку официјалниот профил на Инстаграм.

Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, е приведен и ќе биде задржан 48 часа, соопшти неговиот тим преку официјалниот профил на Инстаграм.

Во истата објава, тимот на Илиќ ја споменува наводната поврзаност со случајот на АЛТА банка и тврди дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Неговиот тим ги отфрла овие наводи и тврди дека Илиќ не се занимавал со незаконски активности.

Претходно, на официјалниот профил на инфлуенсерот беше објавена информација дека тој бил приведен, по што веста брзо се прошири на социјалните мрежи.

„Богдан – Бака е приведен денеска околу 6 часот наутро. Во моментов не знаеме каде се наоѓа ниту како е. Имаме снимка од камерите на која се гледаат маскирани лица кои упаднале во станот и го одвеле. Засега нема да ја објавиме бидејќи чекаме информации. На прашањето упатено од адвокатот сè уште не добивме одговор.“