Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на YouTube на три јазици

Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на Јутјуб (YouTube).

Цртаниот филм, како што велат од Министерството, има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување.

Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.

Анимираниот цртан филм може да се погледне на следниот линк:

Министерството за дигитална трансформација продолжува со активности насочени кон унапредување на дигиталната писменост, онлајн безбедноста и заштитата на децата и младите во дигиталниот простор.