Tони Mихајловски, лауреат на годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“
Познатиот македонски актер, со бројни театарски и филмски улоги, Тони Михајловски е лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, информираат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка. Општината е и покровител на фестивалот, а оттаму најавија дека признанието на лауреатот ќе биде доделено на свечена академија во понеделник, 28 септември, во 12 часот, кога ќе биде означен и почетокот на годинашното фестивалско издание.

– Крива Паланка повторно ќе живее во знакот на театарот. Годинешниот фестивалски аплауз е посветен на Тони Михајловски, едно од највпечатливите имиња на македонската театарска, филмска и телевизиска сцена. Неговиот творечки пат е обележан со исклучителна сценска енергија, силен темперамент и ретка способност за трансформација. Од театарската сцена до филмското платно, Михајловски создава ликови што не исчезнуваат со спуштањето на завесата, туку остануваат во сеќавањето на публиката. Неговото име е запишано во значајни филмски остварувања како „Џипси меџик“, „Буре барут“, „Збогум на 20-тиот век“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“, „Парада“, „Трето полувреме“ и „До балчак“. За својот повеќедецениски придонес кон македонската култура е добитник на бројни актерски признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Петре Прличко“, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.
Годинашното, 18-то, фестивалско издание, носи богата програма, театарски средби и нови сценски доживувања, со кои Крива Паланка повторно ќе биде град на театарот, уметноста и големите актерски приказни. Фестивалот е во организација на Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка, под покровителство на Општина Крива Паланка и Министерството за култура и туризам, а се реализира во соработка со НУ Центар за култура Крива Паланка.
Претставите ќе се прикажат на сцената на НУЦК Крива Паланка, со почеток од 19 часот и 30 минути, од 28 септември до 6 октомври 2026.