Иран се согласи да ги продолжи преговорите за нуклеарниот договор
Следната недела ќе се знае датумот за почеток на преговорите
Иран се согласи следниот месец да ги продолжи разговорите со светските сили за неговиот нуклеарен договор, соопшти денеска заменик-министерот за надворешни работи на земјата, по разговорите со посредниците на ЕУ во Брисел.
– Согласни сме да ги започнеме преговорите пред крајот на ноември. Точниот датум ќе биде објавен во текот на следната недела, објави на Твитер Али Багери, кој ја извршува и функцијата главен преговарач на Техеран.