„Оди чамецот се додека не удри во некоја карпа, очигледно удри во некоја карпа. Тезата на овие што победија на изборите е дека тие се ослободија, дојде слобода, а претходно тезата беше дека Калето со кран, односно со американското влијание, го инсталирало Зоран Заев. Ако дошла слобода од Калето, во интерес на кого е дојдена таа слобода. Немам комуникација со Заев од 2012-та, со Црвенковски немам контакт од 2013-та. Сум бил жесток критичар на Заев“ вели долгогодишниот новинар, Васко Ефтов во последното издание на „Трилинг“.
Тој ја прокоментира и ситуација во државата по заминувањето на Зоран Заев од лидерската и премиерската позиција.
„Заминувањето на Заев ќе биде голем проблем за СДСМ, заминува главниот финансиер на партијата. Бранко Црвенковски излегува од мечкина дупка, мора да има многу голема нервоза, голем притисок за тој да излезе и да се вклучи во процес на јавно денунцирање на Зоран Заев. Заев сега сам се погреба, никој не побара од него оставка. Никој на јавна сцена не побара оставка од Заев. Тој досега има 2-3 такви ситуации кога се повлекува. Се случуваат некои емотивни кршења кај него, мислам дека е разочаран од меѓународна заедница и од структурите внатре во СДСМ. Веројатно направил лоша проценка во тимот“ смета Ефтов.