Бугарија со црн Ковид рекорд – 334 починати во последното деноноќие
Соседна Бугарија урива црни рекорди – дури 334 лица починале како последица на Ковид 19 последните 24 часа. Ова претставува втор најголем број на смртни случаи во еден ден од март 2020 година.
Запрепастувачки висок е процентот – 94,31 отсто од новите смртни случаи не биле вакцинирани.
Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирусот се заразиле 5.286 граѓани, извршени се 48.136 тестирања.
Од почетокот на пандемијата во Бугарија заболени се вкупно 638.048 лица, а во болниците се сместени 8.516 лица.