BA.2 – подваријанта на Омикрон се појави во делови на Европа и Азија

BA.2 – подваријантата на Омикрон сојот на коронавирусот (најчеста форма позната како BA.1) почнува да го надминува првичниот сој во делови од Европа и Азија.

„Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека е 1 и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта“ – вели д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот „Гладстон“.

ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела.

Дали се работи за полоша подваријанта од Омикрон или делта, д-р Сривастава објаснува:

„Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа“.