Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на Поштенската лотарија што го подели со своите соседи во населбата каде што живее.
Дејвид од градот Бриџ Ерне, во округот Першир на југозападниот дел на Шкотска, татко на две деца, на 27 април на поштенската лотарија успеал да освои 10,2 милиони фунти и, како што објави таблоидот Сан, добивката ја подели со 10 соседи во неговото маало.
Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е најголемата награда досега освоена во наградна игра во Шкотска.