Во Кичево приведен криминалец баран со потерница

Во Кичево вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Кичево го привеле П.Ј.(43) од Кичево, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од 15 месеци за сторени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Од МВР денеска соопштија дека П.Ј. е предаден за издржување на затворската казна во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“.