Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се најде меѓу четворицата номинирани фудбалери за играч на сезоната во Шкотска, во изборот на Здружението на шкотските фудбалски новинари.
Тој игра одлична сезона за Абердин, постигна 15 гола во шампионатот и е најдобриот фудбалер на својот тим, а секако и еден од најдобрите во првенството на Шкотска.
Покрај Миовски, во конкуренција за најдобар фудбалер во Шкотска за 2024, се уште и голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, играчот од средниот ред на Селтик, Мет О’Рајли и напаѓачот на Хартс, Лоренс Шенкланд.
Најдобриот фудбалер на Шкотска ќе биде избран на 19 мај на официјалната церемонија на доделување на наградите за најдобрите во шкотскиот фудбал.