Државната изборна комисија (ДИК) вечерва во рамки на 102. седница ги објави првичните и официјални резултати од 100 отсто преброените гласови од претседателските и парламентарните избори.
Кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сињановска Давкова освила 561.001 глас, а актуелниот претседател и кандидат на коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски 251.881 глас.
Според првичните резултати објавени вечерва од ДИК, Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати – 58, потоа следуваат Коалицијата Европски фронт со освоени 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина СДСМ 18 мандати, Коалиција ВЛЕН – 13, Левица – 6, Движење ЗНАМ за наша Македонија – 6,
Немаат освоени ниту еден пратенички мандати: Коалицијата Храбро за Македонија ГРОМ, Единствена Македонија, Нова алтерантива, Македонска Ера трета (независни листи), Твоја партија, Родина Македонија, Политичка партија Десна, Европско граѓанско движење, Демократи, Политичка партија Аваја, Работничка паритја, Единствена Македонија,
Резултатите и пратеничките мандати за сите политички партии по сите изборни единици:
ИЕ 1
Коалиција за европска иднина СДСМ – 27.164 гласа – 3 пратенички мандати
Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ – 80.963 – 10 мандати
Коалиција Храбро за Македонија ГРОМ – 1.509 – нема освоено пратенички мандати
Коалиција Европски фронт – 20.586 освоени – 2 мандати
Левица 20989 гласа – 2 мандати
Коалиција ВЛЕН – 21627 – 2 мандати
Движење ЗНАМ за наша Македонија – 11.944 – 1 мандат
Единствена Македонија – 246 – нема освоено мандати
Нова алтерантива – 1.645 – нема освоено мандати
Македонска Ера трета (независни листи) 186 гласа – нема освоени мандати
Твоја партија – 1.223 гласа – нема освоено мандати
Родина Македонија – 306 гласа – нема освоено мандати
Политичка партија Десна -125 гласа – нема освоено мандати
Демократи – 177 гласа – нема освоени мандати
Работничка партија – 287 гласа – нема освоени мандати
ИЕ2
Коалиицја за европска иднина СДСМ – 18.631 глас – 2 пратенички мандати
Коалиција Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ 66.422 гласа – 8 мандати
Храбро за Макеоднија ГРОМ – 757 – нема освоени мандат
Коалиција Европски фронт – 30.675 гласа – 4 мандати
Левица – 10.604 – 1 мандат
Коалиција ВЛЕН – 25896 гласа – 3 мандати
Движење ЗНАМ за наша Македонија – 16.234 – 2 мандати
Единствена Македонија – 265 – нема освоено мандат
Политичка партија Нова алтернатива – 1.113 гласа – нема освоено мандат
Македонска ера трета – 125 гласа – нема освоено мандат
Твоја партија – 230 гласа – нема освоено мандат
Родина Македонија 230 гласа – нема освоено мандат
Политичка партија Десна – 158 гласа – нема освоено мандат
Демократи – 206 – нема освоено мандат
ИЕ 3
Коалиција за СДСМ – 33.605 гласови – 4 мандати
Коалицја Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ – 96.546 – 14 мандати
Коалиција Храбро за Македонија ГРОМ – 970 гласа – нема освоено мандат
Коалиција Европски фронт – 3819 гласа – нема освоено мандат
Левица – 13.404 – 1 мандат
Коалицја ВЛЕН – 716 – нема освоено мандат
Движење ЗНАМ За наша Македонија – 9426 гласа – 1 мандат
Единствена Македонија – 363 гласа – нема освоено мандат
Нова алтернатива – 410 гласа – нема освоени мандати
Македонска ера трета – 205 гласа – нема освоени мандати
Твоја партија – 145 гласа – нема освоено мандати
Родина Македонија – 209 гласа – нема освоено мандати
Политичка партија Десна – 157 – нема освоено мандати
Демократи – 195 – нема освоено мандати
ИЕ4
Коалиција за евроспка иднина СДСМ – 41.962 – 5 мандати
Коалиција Твоја Македонија ВРМО-ДПМНЕ – 96.536 – 13 мандати
Коалиција Храбро за Македонија ГРОМ – 815 – нема освоено мандати
Коалиција Европски фронт – 1.651 – нема освоено мандати
Коалиција ЗНАМ – 8.405 – 1 мандат
Левица – 12.427 – 1 мандат
Коалиција ВЛЕН – 97 гласа – нема освоено мандати
Едиснтвена Макеоднија – 571 – нема освоено мандати
Нова алтернатива – 348 – нема освоено мандати
Политичка партија Аваја – 1.643 – нема освоено мандати
Македонска ера трета 197 – нема освоено мандати
Твоја партија – 194 – нема освоено мандати
Родина Македонија – 202 – нема освоено мандати
Политичка апритја ДЕСНА – 96 – нема освоено мандати
Демократи – 134 – нема освоено мандати
ИЕ 5
Коалиција за евроспка иднина СДСМ – 26.904 – 3 мандати
Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ – 73.916 – 10 мандати
Коалиција Храбро за Македонија – 361 – нема освоено мандати
Европски фронт – 27.013 – 4 мандати
Левица – 9.926 – 1 мандат
Коалиција ВЛЕН – 11.067 – 1 мандат
Движење ЗНАМ – 8.757 – 1 мандат
Единствена Македонија – 241 – нема освоено мандат
Политичка паритја Аваја – 362 – нема освоено мандат
Македонска ера трета – 214 – нема освоено мандат
Родина Македонија – 121 – нема освоено мандат
Демократи – 141 – нема освоено мандат
Работничка паритја – 165 – нема освоено мандат
ИЕ 6
Коалиција за евроспка иднина СДСМ – 6.418 – 1 мандат
Коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ – 21.639 – 3 мандати
Коалиција Храбро за Македонија – 110 – нема освоено мандат
Европски фронт – 53.817 – 9 мандати
Левица – 1312 – нема освоено мандат
Коалиција ВЛЕН – 47.687 – 7 мандати
Движење ЗНАМ – 1.511 – нема освоено мандат
Политичка партија Аваја – 376 – нема освоено мандат
Европско граѓанско движење – 241 глас – нема освоено мандат
Македонска ера трета – 41 – нема освоено мандат
Родина Македонија – 31 глас – нема освоено мандат
Утре во 19 односно во 23:30 часот завршуваат роковите за приговори за претседателските и парламентарните избори. Утре до 19 часот часот, ДИК до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори по што според најавите, собранискиот спикер Јован Митрески ќе ја закаже за в недела напладне собраниската седница за инаугурација на новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова.