Градноачалникот на Скопје објави дека пристигнала првата пратка од новите контејнери

Првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери пристигна во Скопје, а нивното распоредување низ градот започнува денеска. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека станува збор за најголемата набавка на контејнери во историјата на градот.

Првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери пристигна во Скопје, а нивното распоредување низ градот започнува денеска. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека станува збор за најголемата набавка на контејнери во историјата на градот.

Со новата опрема ќе бидат заменети скршените и дотраени контејнери, а ќе се зголеми и бројот на места за правилно одлагање на отпадот. Ѓорѓиевски најави дека следната недела во работа ќе бидат пуштени и новите камиони, со што треба да се подобрат собирањето на сметот и одржувањето на хигиената во скопските населби.

Тој посочи дека контејнерите се набавени по двојно пониска цена во споредба со претходните набавки. Според неговите наводи, неговите претходници плаќале по 18.600 денари за истите контејнери.

Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, со цел да се овозможи негово одделно собирање и рециклирање, а со тоа да се намали количеството мешан отпад и да се придонесе за заштита на животната средина.

Ѓорѓиевски упати апел до граѓаните да ја чуваат новата опрема и да не оставаат градежен шут и кабаст отпад во или покрај контејнерите. Тој предупреди дека ваквото однесување ги оштетува садовите за отпад, го отежнува собирањето на сметот и придонесува за создавање диви депонии во населбите.

Градоначалникот порача дека со новата опрема се преземаат чекори за почисто и поуредено Скопје, но дека за одржувањето на хигиената е потребна и одговорност од граѓаните.