„Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.
1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.
2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.
3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.
Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.
Македонија ќе биде повторно твоја!“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.