Откако Хари Кејн е во Баерн Минхен клубот не освои ниту еден трофеј сезонава, првпат по цели 12 години
По поразот во 1/2 финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со вкупен резултат (3:4), Баерн Минхен го заврши своето учество на турнирот во полуфиналната фаза.
Во германската Бундес лига Баерн ги загуби шансите за освојување на трофејот откако Баер Леверкузен предвреме ја освои шампионската титула. Во Купот на Германија, тимот на Томас Тухел беше елиминиран во 1/16 финалната фаза, губејќи од третолигашот Сарбрикен.
Така, за првпат по 12 години, на тимот од Минхен му е одземена можноста да освои барем еден трофеј по сезона. Пред ова, во периодот од 2012 до 2024 година, Баерн освои вкупно 33 трофеи.
Вреди да се одбележи дека серијата на Баерн Минхен беше прекината оваа сезона откако претходно клубот беше засилен со напаѓачот Хари Кејн, кој во есента 2023 година се пресели во Баерн од Тотенхем за 95 милиони евра од Тотенхем, кој немаше освоено ниту еден трофеј во неговата кариера.
Хари Кејн оваа сезона забележа 45 настапи за Баерн во сите натпреварувања.
Има 44 гола и 12 асистенции. Хари Кејн дојде во Баерн за да освои титула, а клубот оваа сезона остане без ниту еден трофеј.