Денеска од 7 од 19 часот во канцеларијата на Народниот правобранител граѓаните за време на одржувањето на вториот круг од претседателските и на парламентарните избори, ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.
Освен на бесплатната телефонска линија, како што информираат од канцеларијата на Омбудсманот, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија на Народниот правобранител, лоцирана на улицата „Македонија“ број 19, во зградата на трговското друштво „Макошпед“, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.
„Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии на Народниот правобранител во Струмица на телефонскиот број (034)329-996, Кичево на бројот (045) 228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на бројот (047) 242-310, Штип на телефонскиот број (032) 389-701 и во Куманово на бројот (031) 431-488“ – се наведува во денешното соопштение од канцеларијата на Омбудсманот.
Народниот правобранител, посочуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.